Бројот на луѓе принудени да ги напуштат своите домови се зголемува секоја година во изминатата деценија и сега достигна највисоко ниво од почетокот на евиденцијата.
Според годишен извештај Глобални трендови објавен од УНХЦР.
Оттогаш, руската инвазија на Украина, која доведе до најбрзата и една од најголемите кризи со принудно раселување од Втората светска војна, како и други кризи од Африка до Авганистан и пошироко, ја донесе оваа бројка на драматична пресвртница од 100 милиони луѓе.
„Бројот расте секоја година во изминатата деценија. Или меѓународната заедница ќе работи заедно за да ја запре оваа човечка трагедија, да ги реши конфликтите и да најде долгорочни решенија, или овој ужасен тренд ќе продолжи“, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
Минатата година беше одбележана со ескалација на постоечките и избивање на нови конфликти, а според Светска банка, 23 земји, со вкупно 850 милиони жители, се соочиле со конфликти со среден или висок интензитет.
Во меѓувреме, недостигот на храна, инфлацијата и кризата предизвикана од климатските промени донесоа нови тешкотии кај населението, го намалија капацитетот за обезбедување хуманитарна помош во време кога изгледите за нејзино финансирање во многу кризи се слаби, според УНХЦР.