Повеќе од 107.000 Американци починаа минатата година од злоупотреба на дрога, поставувајќи трагичен рекорд во епидемијата на предозирање во САД, според проценките на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Бројот на смртни случаи е зголемен за 15% во однос на претходниот „рекорд“, поставен една година порано, пренесува Асошиејтед прес.
Д-р Нора Волков, директор на Американскиот национален институт за зависност од дрога, ги нарече последните бројки „навистина зачудувачки“, пренесува Гласот на Америка.
Белата куќа соопшти дека е „неприфатливо“ забрзувањето на стапката на смртност од злоупотреба на дрога и укажа на неодамна објавената национална стратегија за контрола на дрогата, пренесува Танјуг.
Стратегијата бара мерки како што се пристап до третман за повеќе луѓе, запирање на трговијата со дрога и поголема достапност на лекот налоксон, кој се користи за да се отстранат ефектите од предозирање.
Бројот на жртви од предозирање во САД расте во поголемиот дел од годината, повеќе од две децении.
Почна да се зголемува во 1990-тите со предозирање со лекови против болки, проследено со бран на смртни случаи поради прекумерна употреба на други опијати како хероин и, во моментов, нелегален фентанил.
Минатата година, бројот на случаи на предозирање со фентанил и други синтетички опијати надмина 71.000, што е за 23 отсто повеќе од претходната година.
Бројот на смртни случаи од прекумерна употреба на кокаин исто така се зголеми за 23 отсто, а метамфетаминот и другите стимуланси за 34 отсто.
Податоците за жртвите значително се разликуваат од земја до земја.
Алјаска забележа пораст од 75 отсто во 2021 година, што е највисоко од која било американска држава, додека на Хаваи забележано е пад на предозирањето за 2 отсто, според Гласот на Америка.