Реконструкцијата на Театар Куманово во буџетот за 2019 година

Сподели со своите пријатели

По скоро 60 години Националната установа Театар Куманово конечно ќе биде реконструиран. За таа намена се предвидени и средства во буџетот на Министерството за култура за 2019 година.

Зградата на кумановскиот театар е изградена во 1947 година, но по седум години бил затворен, за да повторно заживее во 1961 година кога и била направена последната поголема реконструкција.

Од тогаш во објектот не е закована ниту една шајка, проблем за кој претходно реагираше и продуцентот Симона Тоскиќ.

– Ние имавме реконструкција на тоалети, поточно оној што е за актерите, заедно со туш-кабина, но кога немаме греење, дали сметате дека тоа се услови во кои еден актер би требало да работи? Во фоајето, да речеме, кога ќе се влезе во театарот, немаме определено место каде би имале гардероба, во самата сала каде што седи публиката потребна е комплетна репарација или смена на седиштата на кои седи публиката, поради тоа што и не знаеме кога последен пат се сменети. Исто така, самата сцена, да кажеме ротирачка сцена, одамна не работи, а самата состојба на сцената каде се движат актерите станува полоша од година на година, поради тоа што тоа е поставен паркет, кој се вади и кој не дозволува убава игра на актерите. И комедиите ги играме во трагични услови – вели Симона Тоскиќ, продуцент на Театарот.

 

Loading...

 

 

Сцена со најсовремена технологија и балкони кои ќе го зголемат бројот на седишта во кумановскиот театар беше ветувањето на поранешната министерка Елизабета Канчевска – Милеска уште на 12 јануари минатата година. „Со реконструкција почнуваме веднаш“, рече тогаш Канчевска – Милеска, која и најави дека архитектите ќе започнат да работат на новиот изглед на театарот.

Како што вели денес продуцентот Тоскиќ, речиси две години по посетата на тогашната министерка, архитектите навистина доаѓале и правеле планови, но со промената на министрите пропаднал сонот за нов лик на кумановскиот театар.

 

 

Денеска тој сон повторно заживува со најавите за новиот буџет за следната година кој го презентираше министерот Асаф Адеми. Во него во делот капитални инвестиции предвидена е реконструкција на театрите во Куманово и Прилеп.

Претходно со министерот Адеми било разговарано и за изградба на целосно нов објект, но како што рече Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ под чија надлежност е Театар Куманово, тоа е поскапа инвестиција која и ќе трае многу подолго.

– Тој е заинтересиран да се направи сосема нов театар во Куманово, но за тоа треба да се најде најпрвин локација, да се најдат финансиски средства. Таа процедура можеби ќе трае многу подолго и затоа во моментов мислам дека е подобро да се направи реконструкција на овој постоечки театар што го имаме, да се средат внатре работите за да може да функционира нормално, бидејќи навистина тоа е културна институција во која работат актери и заслужуваат максимално да им се посвети внимание од тој аспект – додава Тодоровски.

 

Loading...

 

Кумановските актери создаваат неколку претстави годишно, но условите во кои работат ниту се хумани, ниту се безбедни.  За нов театар никој не сакаше да слушне со години,

фото: ММС.мк

Leave a Reply