Под мотото „За наше Куманово“ започна реконструкцијата и асфалтирање на дел од улиците низ Куманово, откако временските услови создадоа можност да се реализира она што подолг период беше тема на препукување помеѓу локалната власт и опозиција.
Во текот на вчерашниот ден градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски во придружба со локалната самоуправа го пушти во употреба тампонираниот и асфалтиран пат во селото Горно Којнаре во должина од 750 метри.
[huge_it_gallery id=”325″]
Во меѓувреме активно се работи и на крпење на дупките на улиците низ централното градско подрачје и приградските населени места.
- Ул. „Братство Единство“
- Ул. „Братство Единство“
На 18-ти март започна и реконструкцијата на улицата „Никола Вапцаров“, каде на површина од 500 метри квадратни ќе бидат поставени бекатонски плочки.
- Улица „Никола Вапцаров“








