Општина Куманово заврши со реконструкција на уште две улици во населбата Карпош, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.
Улиците „42“ и „43“ добија нов изглед со поставување бекатонски плочки, со што се подобри нивната пристапност, функционалност и безбедност.
Градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека локалната самоуправа останува посветена на континуирано подобрување на патната мрежа и создавање урбани и современи услови за сите граѓани.
Во рамките на тековните инфраструктурни активности, на улица „25“ се поставуваат бекатонски плочки со цел подобрување на пристапноста и визуелниот изглед на просторот, додека улица „36“ е целосно завршена и ставена во функција.
Активности се изведуваат и во други делови на градот. Во населба Гоце Делчев се вршат подготовки за асфалтирање на паркинг простор кај објектот „Шипад“.
Во Карпош, покрај новоуредените улици „42“ и „43“, завршена е и улица „39“ со нова бекатонска површина, а слични работи се реализираат и на улица „35“.
„Чекор по чекор, работиме за поубаво и поурбано Куманово“, порача Димитриевски.
Никола Ивановски