Реконструирана дневната болница во Детското одделение во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дневната амбуланта во Детското одделение во Општа болница Куманово е целосно реконструирано, а набавени се и нови медицински апарати.

Како што изјави директорот на болницата Сашо Стошевски, со донација од Ротари клуб Куманово е реновиран просторот на дневната болница, а набавена е и нова опрема, апсиратори, топломери и апарати потребни за педијатријата.

– Ова донација има огромно значење за болницата затоа што го одделивме стационарот на Детското одделение со дневната болница, тоа е од особено значење за организација на работата и нашите најмлади. Соработката со Ротари клуб Куманово е започната со претходните директори, се надевам дека ќе продолжиме, изјави Стошевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнува тридневна акција за собирање кабаст отпад во Куманово

 

 

Детското одделение, додава директорот, има прекрасен тим предводен од началникот д-р Маргица Арсовска, кој секогаш им стои на располагање на најмалите пациенти.

Стошевски изрази надеж дека во 2026 година тимот на Детското одделение ќе се надополни со среден медицински и помошно-технички персонал за целосно комплетирање.

 

 

Началникот на одделението, др. Арсовска вели дека акцијата на Ротари клуб Куманово се состоела во два дела.

– Првиот дел се состоеше од набавка на медицинска опрема и тоа аспиратори, од кои некои веќе педесетина години не биле сменети, нов ЕКГ, дигитален апарат, аспиратори, инхалатори, топломери, ваги, се за подобрување на квалитетот на дечињата кои престојуваат и се лекуваат на детското одделение. Вториот дел беше за реновирање на проширениот амбулантен дел на детското одделение, поранешни киретажи, со што добивме две нови амбуланти, опремени комплетно со нов инвентар и нова потребна опрема за нормално вршење на прегледите, како и со нова дневна болница, изјави Арсовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР поднесе кривична против Оливер Спасовски за злоупотреба на службена положба

 

 

Фросина Ефремовска од Ротари клуб Куманово, вели дека станува збор за проект со кој се прават трајни промени во општеството.

– И понатаму ќе работиме на вакви слични проекти и ќе се стремиме локалната заедница да го препознае тоа и да се вклучат сите хумани луѓе и да се направат трајни промени, додаде Ефремовска.

 

 

Марјан Коцевски од Ротари клубот вели дека клубот ја препознал потребата за ваква акција за донација која ќе обезбеди подобро лекување на новите генерации.

– Знаеме дека болницата е направена од некој хуман човек кој во тој период Никола Спасиќ кој дошол во Куманово и иако не е од тука направил болница. Така да сите ние треба да се вклучиме во донирање. Во рамките на проектот дониравме и многу добар апарат за оториноларингологија кој сега се користи и сметам дека и тука вложивме доста за подобрување на квалитетот на услугите на болницата, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца кумановци украле делови од автобус

Никола Ивановски