Водоснабдителните системи во руралните средини во Куманово имаат повремени отстапувања во квалитетот хемискиот и бактериолошкиот систем на водата за пиење, покажуваат последните резултати на испитувањата на Центарот за јавно здравје, информираа вчера од институцијата.
Според специјалистот за хигиена, отстапувањата во хемискиот состав се должат претежно поради зголемени концетрации на нитрати кои во однос на врнежите варираат, додека отстапувања на бактериолошкиот квалитет се од причина што не постои дезинфекција на водата во ниту еден од руралните водоснабдителни системи.
Таблетите за дезинфекција повеќе се наменети за индивидуална употреба, во овие водоснабдителни системи за постигнување трајно решение потребно е да се постави опрема за континуирана дезинфекција на водата, обезбедување на санитарно-заштитна зона околу водозафатот и повремено чистење на инсталациите – вели доктор Мимоза Величковски.
Квалитетот на вода се следи според годишната програма, и тоа четири пати на годишно ниво, како што и беше истакнато на последната седница на Советот на Општина Куманово кога беше презентиран извештајот на Центар за јавно здравје Куманово.
Доктор Мимоза Величковски, на Советот тогаш истакна дека граѓаните се должни да побараат иницијатива за дезинфекција на овие водоснабдителни системи, кои ги одржуваат самите граѓани, па упати и апел за таква намена да се обезбедат средства од општинскиот буџет.
Loading...