Триесетина ученици од основно и средно гимназиско образование од североисточниот регион денеска учествуваа на регионален натпревар по француски јазик одржан во гимназијата „Гоце Делчев“. Натпреварувачите од Куманово, Крива Паланка, Кратово и Свети Николе имаа можност преку писмен и устен дел да ги покажат своите знаења од областа на овој втор странски јазик во образованието кој се изучува по избор на учениците.
-На денешниот натпревар се натпреваруваат ученици од три категории, билингвална паралелка која што е единствена во нашиот регион, и учествуваат десет ученика од оваа паралелка од кои што четворица ќе се пласираат на државниот натпревар, понатаму од основни училишта учествуваат 14 ученика од вкупно пет училишта и од класичните паралелки –осум ученика, изјави Кети Димковска, советник за настава по француски јазик на РМ.
На натпреварот учествуваше и општинското основно училиште Јоаким Крчовски од Крива Паланка со четворица ученици.
-Учениците на овој натпревар ги покажуваат своите знаења по француски јазик од целокупниот материјал од шесто до деветто одделение и имаат повеќе делови. Имаме писмен и устен дел, писмениот дел се состои од четири дела, усно разбирање, писмено разбирање, граматички тест и писмено изразување. По завршувањето на писмениот дел имаме резултати и најдобрите уечници одат на усно изразување. Најдобрите шест во секоја категорија одат на државниот натпревар кој ќе се одржи на 28 април на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје,изјави Елена Николовска, професор по француски јазик.


