Референдумот државата ќе ја чини 3,5 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Спроведувањето на референдумот за промена на името, државата ќе ја чини 3,5 милиони евра.

Парите се обезбедени преку Буџетот на Република Македонија, а со прераспределба на меѓубуџетски корисници на централната власт и фондовите, според Одлуката која вчера беше изгласана од пратениците во Собранието.

Вкупно 64 пратеници гласаа „за“, без ниту еден „против“ и „воздржан“, додека пак опозицијата не учествуваше во носењето на одлуката.

Пратениците одлучија – референдум на 30 септември

Loading...

Leave a Reply