Јадете помалку, вежбајте повеќе и ќе ослабнете. Сепак се испсотави дека тоа не е секогаш правило затоа што можете константо да правите грешка која не дозволува да ги изгубите килограмите.
Со редовно вежбање се зголемува и апетитот, па телото започнува да бара се повеќе калории и луѓето почнуваат да јадат повеќе. Ова секако води до таложење на килограмите. Активните луѓе затоа почесто се дебелат.
Нутриционистката Алек Џонстон од Институтот Ровет на универзитетот во Абердин е автор на новата студија која го испитувала внесувањето на калориите кај луѓето во денови кога се поактивни од вообичаено, но без вежбање.
Тоа вклучувало активности како што е игра со деца на плажа, но и одење на стоматолог.
Набљудувале 242 лица, 114 мажи и 128 жени. Откриле дека количината на нивната активност влијаела на тоа колку јаделе, па така луѓето со прекумерна телесна тежина јаделе повеќе кога физичката активност им била поголема.
Сепак, исхраната и вежбањето, можат и би требало да одат рака под рака.
Потребно е да внимавате на неколку работи, да го намалите внесувањето на масна и блага храна, јадете повеќе влакна, производи од цели зрна житарици, овошје, зеленчук и месо кое не е мрсно.
Новото истражување се противи на теоријата дека долгото и напорно вежбање е најдобар начин за губење на наталожените маснотии. Неколку студии потврдиле дека пократко и почесто вежбање може да согори повеќе калории отколку интензивните тренинзи.
Затоа, наместо 60-минутна рутина би било подобро да вежбате половина час, одморете 20 минути и повторно направете получасовен тренинг.
Повеќе внимание посветете на аеробните вежби. Тие ќе ви помогнат и во намалување на апетитот.
Недостатокот на квалитетен сон, недоволното внесување вода, прескокнување на појадокот, се причини зошто не ослабнувате, а вежбате.
Според уште едно истражување, докажано е дека луѓето кои вежбаат за да ослабнат, често по тренингот ја занемаруваат диетата па 53 отсто од нив јадат и повеќе пред програмата за ослабнување, а 41 отсто ќе изедат колач по теретана како награда.
Нутриционистката Алекд Џонстон како прв чекор кон ослабувањето наведува дека секој од нас мора да стане свесен дека само движењето нема да доведе до спонтано губење на тежината. Внесувањето на храната е клучен фактор.