Редовните прегледи се клучни: Куманово со иницијатива за рано откривање на рак на дојка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Редовните мамографски прегледи и самопрегледите на дојки се меѓу најважните чекори за рано откривање на рак на дојка – болест што сè почесто се појавува кај жените и кај нас и во светот.

Loading...

Токму затоа, здравствените работници од Куманово започнаа иницијатива за подигнување на јавната свест, во соработка со Општина Куманово и Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

Љиљана Ивановска, специјализирана сестра по семејна и патронажна здравствена нега, потенцира дека навременото откривање на првите симптоми е клучно.

„Знаеме дека на глобално ниво и во нашата држава бројот на заболени од рак на дојка се повеќе расте, така да превенцијата е една од најважните мерки која се спроведува насекаде низ светот, па и кај нас. Многу е важно навреме да ги откриеме првите симптими и на време да реагираме затоа што тоа е многу клучно и за раниот третман и секако за добивање на позитивен исход од оваа заболување и едноставно за преживување.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФК Куманово Еуроспорт - Шампиони на Македонија во детската фудбалска лига

 

 

Таа укажа и на проблемот со доцното добивање термини за преглед и скапите третмани.

Loading...

„Многу често болните од рак на дојка добиваат многу доцна термини дали за дијагностика или третманот за лекување е доста скап и бара едно подолго лекување, така да многу е важно на време да биде откриена.“

Во рамки на акцијата, беа поделени и брошури за самопреглед на дојки.

„Им поделивме и брошури за самопреглед на дојки што е исто така една важна превентивна мерка која може да ја прават и во домашни услови. Се препорачува кај жени во репродуктивен период по 10 дена од почеток на менструалниот циклус да се прави, додека кај жени во менопауза се бира одреден датум и тој ист датум во месецот може да се прави преглед на дојки. Во брошурата многу убаво се објаснети чекорите на самопреглед, секој самостојно пред огледало може да ги прави, во стоечка позиција, потоа во лежечка и доколку забележи некоја нерамнина, стврднување, чворови, било каква промена на кожа или брадавица на дојка веднаш да се упати кај матичниот лекар и навреме да бара соодветен третман.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученик од Куманово тешко повреден откако го турнал негов соученик

 

 

Ивановска посочи дека мамографскиот преглед може да се закаже лесно, и дека кумановската болница има апаратура за таква дијагностика.

„Ние всушност ги регистрираме во Мој Термин дека се заинтересирани да направат ваков преглед и системот ја прима таа категорија која е назначена за скрининг, превенција, а понатаму од Мој Термин се креираат термини кој ден и во колку часот овој преглед можат да го направат. Ние сакаме прегледот да биде во Куманово, бидејќи во опција ни се дадени и други градови во Македонија. Имаме нов апарат последните неколку години во Општа болница Куманово, така да нашите сограѓанки не мора да одат во Скопје или во некој друг град можат овој преглед да го направат и тука.“

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Какво ќе биде времето во Куманово за претстојниот продолжен викенд?

 

 

Од друга страна, Анита Велковска, претседател на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки од Куманово, ја истакна професионалната и општествена улога на здружението.

„Оваа здружение е професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринската работа. Здружението е формирано во 1991 година, исто така е член и потписник на многубројни меѓународни декларации кои се однесуваат на медицински сестри и акушерки.“

 

 

Loading...

Таа ја нагласи и клучната улога на сестрите во примарната здравствена заштита:

„Медицинската сестра има главна и клучна улога во здравствениот систем и исто така во унапредување на здравјето за спречување на болести и обезбедува примарна и превентивна здравствена грижа на пациентите.“

Велковска се заблагодари на Општина Куманово за поддршката на проектот кој го носи името  „Информирај се, заштити се, дај ѝ црвен картон на болеста“.

Никола Ивановски