Речиси милион Украинци без струја, гас нема во повеќе од 200.000 домаќинства!

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 954.000 Украинци во моментов немаат струја поради руската инвазија на Украина, соопшти денеска украинската компанија Енергоатом.

„Речиси 228.000 потрошувачи останаа без гас“, соопшти Енергоатом, која управува со нуклеарни реактори лоцирани во четири нуклеарни централи.

Енергоатом претходно објави дека повеќе нема да купува руско нуклеарно гориво.

 

Објавена снимка од нападот на Днепар, камерите снимија голема експлозија (ВИДЕО)

 

Тој изјави и дека сите нуклеарни централи во Украина работат стабилно, но дека вработените во нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од руската армија, се под психолошки притисок.

Нивото на радијација во сите нуклеарни централи не е променето.