Речиси два милиони Јапонци евакуирани поради цунамито, брановите достигнаа висина од 1,3 метри

Сподели со своите пријатели

По силниот земјотрес што го погоди Далечниот Исток на Русија, во Јапонија беше издадено предупредување за цунами, а речиси два милиони луѓе беа евакуирани, објавија јапонските медиуми.

Loading...

Според извештаите, предупредување за цунами и бранови до три метри се во сила за тихоокеанскиот брег на Јапонија, од Хокаидо до Вакајама. Бранови со висина од 1,3 метри веќе се регистрирани во некои градови. Досега, 1,9 милиони луѓе се евакуирани низ цела Јапонија, според Би-Би-Си.

Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледаат луѓе што се собираат на покривите.

Заканата од цунами предизвика прекини во редовното функционирање на железничкиот и воздушниот сообраќај во источна Јапонија, во крајбрежната област, според Кјодо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Потопен руски град, евакуирана нуклеарката Фукушима во Јапонија

Нуклеарната централа Фукушима, оштетена од цунамито во 2011 година, престана да испушта третирана радиоактивна вода во Тихиот Океан.

Службениците ги повикаа жителите на областите погодени од цунами да се евакуираат сè додека заканата е на сила.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, според „Кјодо“, изјавил дека ќе преземе сите потребни мерки за да се осигури безбедноста на населението и им наредил на министерствата да ги ублажат последиците од цунамито.