Бројот на загинати во поплавите и одроните во Демократска Република Конго се искачи на најмалку 394, објави регионалната влада на истокот на земјата.
Стотици луѓе се тешко повредени или исчезнати поради поплави предизвикани од излевање на реки по обилните дождови во четвртокот.
Неколку села беа поплавени, многу куќи беа однесени, а полињата беа опустошени. На жртвите од елементарната непогода во погодените подрачја им недостига се.
Сезоната на дождови, типична за регионот Јужен Киву, треба да трае до крајот на мај.
Со големи поплави беа погодени и соседните земји. Во Руанда загинаа 127 лица, а во Уганда шест лица.
Шефот на ОН, Антонио Гутереш, во саботата при посетата на Бурунди истакна дека ова е нова илустрација за забрзувањето на климатските промени и нивните драматични последици за земјите кои не се вклучени во глобалното затоплување на планетата.