Речица добива нов изглед – градежните работи во завршна фаза (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во кумановското село Речица во моментов се изведуваат повеќе инфраструктурни зафати со цел подобрување на патната мрежа и уредувањето на населеното место.

Loading...

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, информира дека активностите опфаќаат дотампонирање на коловозната површина, поставување на сиви бетонски рабници со димензии 20/24, како и корекција на нивелетата кај постоечките шахти и поклопци од фекалната канализација.

 

 

Според првиот човек на градот, работите се одвиваат со засилен интензитет, а целосното завршување е планирано до 18 август 2025 година.

– Ова е дел од нашата заложба за побезбедна, поурбана и пофункционална средина за жителите на Речица, истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уредување на улици во населбата Карпош, во „Гоце Делчев“ обнова на паркинг (ФОТО)

Никола Ивановски

Loading...