Важно е да пиете многу вода во текот на целата година, особено во текот на летото. Секако, покрај вода, ние повремено сакаме да се освежуваме со убав коктел.
На врвот на листата на најпопуларни пијалаци сè уште е комбинацијата од џин и тоник, а денес ви пренесуваме рецепт за варијанта со сок од лубеница.
СОСТОЈКИ:
– 1.200 грама лубеница без семки
– 100 мл сок од лимета
– 250 мл џин
– тоник
– 2 лажици сируп од агава
– Неколку лисја свежо нане
– мраз
ПОДГОТОВКА:
1. Извадете ги семките од лубеницата, исечете ја на коцки и потоа ставете ја во блендер.
Кога добро ќе ја изблендирате лубеницата, исцедете ја преку цедалка или тенка газа за да ја отстраните пената што ќе се формира и конечно да добиете чист сок од лубеница.
2. Потоа истурете го сокот во бокал и додадете сируп од агава, сок од лимета и нане и сè добро измешајте со лажица. На крај додадете го џинот и повторно промешајте.
3. Пред сервирање, ставете мраз во чашите, па истурете ја мешавината од џин и сок од лубеница и на крај истурете го тоникот во секоја чаша.
На здравје!