РЕЦЕПТ: Пилешко во сос од лимета

Сподели со своите пријатели

Сакате слободното време да го минете квалитетно во својата кујна, а не знаете што квалитетно да зготвите?

Loading...

Ние ви носиме рецепт за сочно пилешко, збогатено со егзотичен вкус на лимета.

Состојки:

  • 4 филеа пилешки гради
  • Прстофат сол и бибер
  • Лажица маслиново масло
  • Коцка за пилешка супа
  • Сок од една лимета
  • ½ исечкан кромид
  • Лажица исечкан першун
  • ½ лажица црвен пипер
  • 3 лажици павлака за готвење

Подготовка

Рерната затоплете ја на 190 степени. Секое филе зачинете го со сол и бибер. Затоплете масло во тава и секое филе печете го од 6 до 7 мунити од двете страни. Потоа одложете во чинија.

Во тавата додајде коцка за пилешка супа, сок од лимета, кромид, першин и црвен пипер. Измешајте, оставете додека зобрие и потоа да се крчка уште едно 10 минути. Додадете павлка за готвење и оставете да се вари уште 2-3 минути. Потоа вратете ги полешкото во овој сос и оставете да се крчка уште 10ина минути.

Сервирајте и уживајте со вкусен оброк со чаша бело вино.

Leave a Reply