Реал нема да може да го купи Мбапе на лето

Сподели со своите пријатели

Реал Мадрид нема да може да го купи напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе на лето, информира „Ле Паризиен“.

Loading...

Како што е забележано, клубот има финансиски тешкотии поради пандемијата, што го прави невозможен трансферот на напаѓачот на француската репрезентација. Покрај тоа, Мбапе има и голема плата.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид го обнови интересот за 21-годишниот Французин. Договорот на фудбалерот со Парижаните важи до летото 2022 година.

Во сезоната 2020/21, Мбапе одигра осум натпревари за ПСЖ, постигна седум голови и исто толку асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра. 

Зоран Стерјовски

Leave a Reply