Реакција за цензурата врз Кумановски Муабети

Сподели со своите пријатели

Почитувани,

Изминатите неколку дена порталот Кумановски Муабети беше оневозможен да ги споделува информациите со својата публика на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, а како резултат на хајката која во последниот период одредени центри на моќ ја водат против нашиот медиум.

Имено на 26. август 2018 година добивме известување дека доменот kumanovskimuabeti.mk е блокиран од страна на компанијата Фејсбук со образложение дека ги кршиме условите за користење на оваа социјална мрежа, а врз основа на претходните спамувања (пријави) од различни профили на одредени корисници.

По нашата жалба до компанијата доменот е одблокиран, со оглед дека е утврдено дека на ниту еден начин не ги злоупотребуваме и кршиме правилата на Фејсбук и Инстаграм.

Меѓутоа, до политичката структура која стои зад оваа хајка против порталот сакаме да порачаме дека нема да подпаднеме на никаков притисок и секогаш ќе останеме објективни, брзи и точни во известувањето, без разлика дали одредени вести Вам ќе ви се допаднат или не.

Изразуваме длабоко извинување до нашите читатели кои не следат токму преку социјалните мрежи, а кои беа спречени да ги читаат, но и споделуваат нашите објави.

На оние кои се дрзнаа против слободата на изразување нека им служи на чест.

Нема да замолчиме!

Со почит,

Редакциски тим на Кумановски Муабети

Leave a Reply