Реакција од Левица по повод штрајкот во ЈП „Чистота и зеленило“

Сподели со своите пријатели

Откако денеска дел од вработените во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ одлучија да не работат поради неисплатените месечни примања, директорот Сашо Петрушевски за ситуацијата ги обвини надлежните од УЈП, а Општинскиот огранок на Левица од Куманово излезе со своја реакција во која ги обвинуваат политичките субјекти за неодговорност.

Соопштението го пренесуваме интегрално:

Поради неодговорноста на политичките субјекти кои партиципираат во јавните институции и претпријатија како на републичко така и на локално ново, притоа трошејќи време и енергија на тривијални теми,  виталните процеси во општеството остануваат закочени а штетата ја трпат граѓаните. Најсвежиот пример е штрајкот на вроботените во ЈП „Чистота и Зеленило”, поради неисплатените последни две месечни плати. Штрајкот е сосем оправдан и ужива потполна поддршка од Левица. Меѓутоа предупредуваме дека доколку надлежните дозволат оваа ситуација да потрае, граѓаните на Куманово ќе се соочат со огромен проблем, бидејќи за помалку од две недели градот ќе се преполни со смет. Затоа Левица упатува апел, до надлежните институции: Упаравата за јавни приходи, спрема кој ЈП “Чистота и Зеленило” има долг од 50 милиони денари, и ЈП “Чистота и Зеленило” веднаш да изнајдат ршение. Срамно е, надлежните да си дозволат ситуација во која немаат исплатено две месечни плати на вработените и во која граѓаните и градот можат да се соочат со хигиенска катастрофа, иако граѓаните секој месец плаќаат за услугите на JП “Чистота и Зеленило”. Уште посрамно ќе биде, доколку лицата кои се наоѓаат на раководни функции во инволвираните институции и претпријатија не понесат морална и политичка одговорност поради ваквата состојба – стои во реакцијата од ОО Левица Куманово.