Реакција на презентерка која во живо на вести дозна дека и загинал сопругот (видео)

Сподели со своите пријатели

Индиска презентерка додека го водела дневникот во живо дознала дека нејзиниот сопруг загинал во тешка сообраќајна несреќа. Таа цели 10 минути професионално известувала за трагедијата, но и за други вести без да покаже емоции за несреќата која и тоа како ја погодила.

Суприт Каур работи на индиската телевизија IBC 24 во Чатишгар, а веста за овој необичен случај ја пренесоа сите светски медиуми.

Таа откако дознала за смррта на сопругот, професионално ги завршила вестите, по што се пуштила во плач. Нејзините колеги изјавиле дека за време на дневникот сите биле погодени и шокирани од трагедијата на нивната колешка и знаеле дека под нејзиното камено лице за време на вестити срцето и се кршело.

Нејзиниот сопруг, Харшад, загинал во уште 5 лица кога камион кој возел зад нив се забил во автомобилот со кој патувале.

Loading...