Во првиот квартал годинава околу 30% од предвидениот развоен Буџет на Општина Куманово биле рализирани, од кои 39% на приходната, а 36% на расходната страна, според извештајот презентиран денеска пред советниците на 56-та седница на Советот на Општина Куманово.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Буџетот е преобемен и дека нема до крајот на годината да има негово целосно реализирање.
Развојната програма е нереална, преобемна и доаѓаме до 66 милиони денари кратење од други градежни дејности, како што се водовод, канализација, реконструкција на училишта и на крајот на годината пак ќе дојдеме до некои 150 милиони денари реализација, како и минатата година, за да во септември-октомври повторно имаме ребаланс поради преобемноста – рече советничката Краиновиќ.
Раководителот на Секторот за финансии при Општина Куманово пак во својата изјава рече дека на приходната страна има реализација од 39%, наспроти 36% на расходната страна, која се ели на тековни и капитални расходи.
Што се однесува до капиталните инвестиции најголем расход има околу базенот, бидејќи како што знаете е пуштен во употреба, останатите расходи се поделени на изградба на улици, реконструкција на дел од основни и средни училишта, одржување на семафори во градот, летното одржување во текот на вториот квартал, а за оние кои ен се реализирани се надеваме дека ќе бидат во третиот квартал во годината – изјави Иливска.

