Разузнавачите ја објавија следната цел на Русите

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај од своето воено разузнавање.

Loading...

Во извештајот се наведува дека сега кога украинските сили се повлекле од Лисичанск, последниот голем град во областа Луганск кој беше под контрола на Киев, тие „речиси сигурно“ ќе се префрлат на обидот да го освојат регионот Доњецк.

Голем дел од Доњецк сѐ уште е под контрола на украинските сили.

„Борбата за Донбас (регионот во кој се наоѓаат Доњецк и Луганск) беше тешка и исцрпувачка и многу е веројатно дека така ќе остане и во наредните недели“, се наведува во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: САД и ЕУ не бегаат од ширење на украинскиот конфликт во целиот свет

Британските разузнавачи истакнуваат дека руската инвазија продолжува да има „погубен ефект“ врз украинскиот земјоделски сектор и предизвика значителни нарушувања во синџирите на снабдување со семиња и ѓубрива, пренесува Индекс.