Разорен земјотрес во Индонезија, најмалку двајца загинати

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа во силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала на островот Суматра во Индонезија, а земјотресот е почувствуван и во Сингапур и Малезија, соопштија денеска властите.

Директорот на владината агенција за ублажување на катастрофи, Сухарјанто, изјави дека најмалку две лица загинале, а некои згради, вклучително и владината канцеларија, куќи и банки, се оштетени, пренесува Ројтерс.

Земјотресот, за кој се вели дека нема потенцијал да предизвика цунами, ги принуди луѓето да ги напуштат објектите во некои области, вклучително и градот Паданг во Западна Суматра, а евакуација имаше и во Малезија.

Индонезиската геофизичка агенција BMKG претходно објави дека јачината на земјотресот била 6,2 степени според Рихтеровата скала, пренесе Ројтерс.