Земјотрес со јачина од 7,3 степени ги погоди Молучките острови во источниот дел на Индонезија, соопшти американскиот Геолошки центар.
Loading...
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 168 километри јужно и југоисточно од градот Тернет.
По 30 минути се случил уште еден потрес за јачина од 5,8 степени.
Индонезиската метеоролошка служба соопшти дека земјотресот нема потенцијал да предизвика цунами.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета, пренесе Ројтерс.
Индонезија доживува честа сеизмичка и вулканска активност поради својата положба на пацифичкиот „огнен прстен“, каде се судираат тектонските плочи.
фото: Printscreen: Twitter/@syahrul84aswad