Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Алјаска синоќа, по што беше издадено предупредување за цунами, но оттогаш е укинато.
Loading...
Националниот центар за предупредување од цунами на Соединетите Американски Држави претходно објави дека постои закана од цунами за одредени делови од Алјаска.
Американските метеоролошки служби изјавија дека епицентарот на земјотресот бил на околу 80 километри од Сенд Поинт, на длабочина од 35 километри.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот имал јачина од 7,3 степени.
Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.