Разорен земјотрес ги погоди Маријанските Острови

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Маријанските острови во Тихиот Океан, соопшти Американскиот геолошки институт.

Loading...

Институтот соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 12,4 километри, пренесе Ројтерс.

Досега не е издадено предупредување за цунами на островите, ниту во околните земји.

Претходниот земјотрес што ги погоди островите во Микронезија се случи на 19 ноември, со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала.