Разни видови облека запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Разни видови облека биле запленети во два одвоени случаи откриени од цариниците во текот на изминатата недела на Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа, во првиот случај биле запленети женска бунда, 2 машки костуми, 2 женски чанти и 2 батерии за дрон.

Откриени биле при контрола на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.

 

 

– Непријавените производи, кои имале ознаки на познати светски брендови и чија вредност е проценета на 3,9 милиони денари а избегнатите давачки изнесуваат 1,2 милиони денари, биле пронајдени во куфер сместен во тоалетот на автобусот, појаснуваат од Управата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци освоија прво место во „Dota 2“ турнир (ФОТО)

Возачот, како што се наведува, изјавил дека куферот го преземал како пратка од лице од Италија и не знаел што има внатре.

Loading...

Во вториот случај биле запленети 197 парчиња женска облека, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Белгија – Македонија, а пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

 

 

– При скенирање на автобусот биле забележани неправилности во просторот за багаж, по што била извршена физичка контрола. Притоа, во една торба и неколку кеси биле пронајдени непријавените производи, со вредност од 147 илјади денари и избегнати давачки од околу 59 илјади денари, стои во соопштението на Царинската управа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре изложба по повод 50 години постоење на Ликовна колонија „Куманово“

И во двата случаи, производите се привремено задржани, а против возачите, ќе биде поведена прекршочна постапка.

Никола Ивановски