Разгледани се барањата за карантин на Куманово, одлука ќе се носи утре

Сподели со своите пријатели

Барањата за 14-дневен карантин на Општина Куманово утрово биле тема на дискусија на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Loading...

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, биле разгледани сите барања на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а предлозите на Комисијата за заразни болести биле испратени до Централниот кризен штаб.

Централниот кризен штаб утре треба да заседава, да донесе препораки и да ги достави до Владата, по што таа треба да ја донесе конечната одлука.

– Сите барања ги дискутиравме детално утрово, јас бев присутен преку онлајн врска, од стурчен аспект се даде мислење за секое од барањата, дозволете утре по завршување на штабот кој треба или не да ги усвои овие мислења, да ја известиме јавноста, рече министерот Филипче.

На вчерашната прес конференција министерот рече дека одлуката ќе биде позната за јавноста денеска по завршување на состанокот на Комисијата за заразни болести, но сепак денеска најави дека носењето на одлуката останува за утре.

Во однос на барањето на штабот да се скрати времето за чекање на резултатите од тестовите на максимум 48 часа од моментот на тестирање, министерот вели дека се настојува тоа да биде за целата држава, а не само за Куманово.

– Го најдовме тоа со дополнителните лаборатории, лабораторијата во МАНУ каде ќе има 50 до 100 тестови дневно, ќе се праќаат тестови од сите инфективни одделенија и болници каде се прави тријажа и проценка на пациентите, тестовите ќе бидат говоти истиот ден, до 12 часот да стигнат во лабораторијата и послепладнето, тој капацитет од 100 теста на ден ќе биде искористен за оваа работа, информираше министерот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply