За разлика од филмските сцени во кои ликовите кога ќе наидат на врата заклучена со таканец едноставно извадат пиштол, и со еден куршум катанецот се отвора. Во вистинскиот свет, работите стојат малку поинаку.
Овие млади момчиња одлучиле да откријат дали може и колку е ефективно да се разбие канатец со огнено оружје.
Што се однесува до пиштол, деветмилиметарски калибар дури после неколку обиди може да успее да го уништи катанецот, но дури и тогаш не успева целосно да го отвори.
Пушките с емалку подобри, но повторно бараат неколку погодоци. Сепак, најефективни се сачмарките, како и пушката „ Barret M82“ со 12,7 милиметри.
Но, што се однесува до филмските сцени разбивањето на катенец со едно или две испалувања од пиштолот, со прилична сигурност може да се каже дека не е возможно.