Ратко Младиќ аперлира од Хаг: СПАСЕТЕ МИ ГО ЖИВОТОТ!

Сподели со своите пријатели

„Под итно спасете ми го животот“, ова според пишувањето на српските медиуми, од својот адвокат Драган иветиќ денеска го побарал генералот Ратко Младиќ. Тој бранителот го повикал вендша по посетата на српските лекари и прилично загрижено барал нешто да се направи, затоа што е убеден дека животот во притворот му е загрозен.

Здравстевената состојба на некогашниот генерал Ратко Младиќ, значително се влошила, откако пред месец дена му беше изречена доживотна казна на Хашкиот трибунал.

Според српски Курир, денес и утре, после повеќемесечна забрана, ќе го прегледаат двајца лекари од итната служба, кои пристигнуваат од Србија, но голем проблем претставува тоа што од ќелијата му исчезнал медицинскиот картон.

„Состојбата е алармантна, се грижиме и го чекаме извештајот на српските експерти. Не знам што го вознемирило татко му, за да побара од адвокатот да му се спасува животот“, изјави за Новости неговиот син Дарко Младиќ.