Расте цената на златото

Сподели со своите пријатели

Цената на златото се искачи над 1.800 долари за унца бидејќи Кина укина повеќе мерки за контрола на Ковид-19, зголемувајќи го притисокот врз доларот, кој го продолжува својот надолен тренд во однос на водечките ривали.

Loading...

Златото на самото место зајакна за 0,5 отсто на 1.807,60 долари за унца на денешното тргување до 16:23 часот по шангајско време, пренесува „Блумберг“.

Во пораст се и цените на среброто, паладиумот и платината, додава њујоршката агенција без да прецизира конкретни податоци.

Во последниот квартал од оваа година, златото забележа раст на цената за повеќе од 8,0 отсто, поддржано од повлекувањето на доларот и надежите дека Федералните резерви (ФЕД) ќе го забават агресивното заострување на монетарната политика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Унгарија воведува закон по примерот на Русија, црна листа за невладините организации

Имено, играчите на пазарот ги анализираат американските податоци од петокот за ублажување на инфлацијата и слабеење на потрошувачката, што би можело да го намали притисокот врз ФЕД за дополнително зголемување на основната каматна стапка.

Патниците кои доаѓаат во Кина од јануари повеќе нема да мора да одат во карантин, што ќе придонесе за забрзување на укинувањето на строгите правила за пандемијата и зајакнување на расположението кон најголемата азиска економија, наведува „Блумберг“.