Расте бројот на жртви од катастрофалните поплави во Турција

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинатите во катастрофалните поплави на северот на Турција вчера се искачи на најмалку 62 лица, а повеќе од тој број се уште се води како исчезнат, објави турската агенција за катастрофи (АФАД).

Претходно беше објавено дека најмалку 58 лица го загубиле животот во поплавите во Турција.

Министерството за внатрешни работи објави дека 77 лица се водат како исчезнати, а осум лица се повредени во болница, пренесува АП.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во петокот областите погодени од поплавите ги прогласи за област на природна катастрофа.

Во операциите за спасување и потрага учествуваат повеќе од 4.600 луѓе.