Расте бројот на пијалаци со канабис ширум светот

Сподели со своите пријатели

Две канадски компании со здружени сили ќе започнат да прозиведуваат безалкохолен пијалак со канабис, пренесува Блумберг.

„Molson Coors Brewing Company“ од Монтреал ќе ги здружи силите со „Hydropothecary“ од Квебек, која нуди производи од канабис. Овие две компании ќе основаат посебна фирма за производство на пијалаци, а директорот ќе биде именуван во следните неколку недели.

Боксерот Мајк Тајсон ќе одгледува марихуана на имот од 16 хектари

– Заклучивме дека подрачјето на производство на канабис ќе ни пружи реална можност за раст, рекол директорот на „Молсон“, Фредерик Ландматер кој истакнал дека неговата компанија се одлучила за „Hydropothecary“ поради нивната истражувачка работа, верни клиенти и препознатливиот бренд.

Ова е прво партнерство на голем канадски произведувач на пијалаци, каде марихуаната за рекреативна употреба ќе биде легализирана на 17. октомври. Компаниите очекуваат дека производите со канабис ќе бидат легализирани во 2019. година.

 

 

– Ова го сметаме за историска пресвртница во моментот кога индустријата на канабис бара иновативни начини за влегување во индустријата за пијалаци. Очекуваме оваа партнерство да стане пример на целата индустрија на канабисот, изјавил аналитичарот на компанијата „Beacon Securities“ Даглас Купер.

Директорот на „Hydropothecary“, Себастијан Луисц рекол дека големината на потенцијалниот пазар со пијалаци со канабис е огромна. Додава дека оваа партнерство на неговата компанија, која го менува името во „HEXO“ ќе овозможи да стане првиот производеувач на такви пијалаци на пазарот.

 

 

Се очекува оваа партнерство да биде особено поволно за „Molson Coors“ кои инаку произведуваат пиво.

Продажбата на алкохолни пијалаци драстично опаднала во државите кои ја легализирале марихуаната,  покажуваат истражувањата на Универзитетот во Конектикат и Џорџија, па компанијата се надева дека на тој начин ќе ја подобри својата продажба.

Засега, во одредени земји кои ја имаат легализирано марихуаната, сосема легално можете да купите цигари или благо.

 

 

Во Амстердам на пример, можете да купите мафини, кекс, лижавчиња или кафеави колачи со марихуана. Покрај брашно, шеќер и најчесто чоколадо, содржат и одредена количина марихуана или хашиш.

Leave a Reply