Бројот на нерегуларни мигранти кои пристигнале во Италија преку Медитеранот е повеќе од двојно зголемен во првите седум месеци од 2023 година во споредба со истиот период минатата година.
„Земјата забележа 89.158 нерегуларни пристигнувања на мигранти на нејзините брегови од јануари до јули, во споредба со 41.435 во 2022 година, што укажува на зголемување од 115,18 отсто“, објави државната новинска агенција АНСА.
Агенцијата додава дека Тунис била главната земја од која годинава дошле во Италија, пренесува Анадолија.
Враќање во матичните земји
Се додава дека, со оглед на зголемениот број на нерегуларни мигранти на опасниот пат, Италија ги зголемила напорите за пребарување и спасување.
Од вкупниот број, 64.764 (72,64 отсто) нерегуларни мигранти се спасени од морето и донесени на италијанските брегови, што е неколку пати повеќе од 19.171, односно бројот на спасени од јануари до јули 2022 година.
Во меѓувреме, бројот на барања за азил е зголемен за 70,59 отсто, на 72.460.
Вкупно 2.561 барања за азил на илегални мигранти биле одбиени и тие биле вратени во нивните матични земји.