РАСТ НА СИРОМАШТИЈАТА: Скоро 30 отсто од Европејците не можат да одат на летување

Сподели со своите пријатели

Околу 28 проценти од Европејците не можат да си дозволат една седмица одмор од местото на живеење, а тој број се зголемува на дури 60 проценти кај сиромашните работници, се вели во студијата на Европската конфедерација на синдикати (ЦЕС).

Оние работници, чии примања се под прагот на сиромаштија, односно помалку од 60 проценти од просечната плата, најлошо минуваат во Грција, каде 88,9 проценти од нив не можат да заминат на одмор, се наведува во студијата.

Следува Романија со 86,8 проценти и Хрватска со 84,7 проценти, пренесува SeeBiz.

Кипар е на четвртото место со 79,2 проценти, пред Словачка со 76,1 проценти.

Конфедерацијата посочува дека нееднаквостите помеѓу најсиромашните работници и оние другите кога станува збор за празниците се зголемиле во изминатата деценија во 16 земји -членки.

Најголемите разлики во можноста за одмор на работници со работници со примања под просечната плата и другите работници се во Хрватска, Грција, Бугарија, Чешка, Франција и Романија.

Зголемувањето на нееднаквоста „покажува дека придобивките од економскиот раст во Европа во изминатата деценија не се рамномерно распределени“, вели помошникот генерален секретар на CES, Естер Линч.

ЦЕС е за подобрување на предлогот за европска директива со која треба да се зголемат минималните плати во ЕУ, за што ќе расправа Европскиот парламент по летната пауза.

Синдикалната конфедерација се залага за воведување „праг на достоинство“ што ќе гарантира дека законски дефинираната минимална плата не може да биде помала од 60 проценти од просечната плата, или помала од 50 проценти од просечната плата во која било земја -членка.

Во моментов, во 17 земји – членки на ЕУ, минималната законски загарантирана плата е помала од 60 проценти од националната просечна плата, посочува ЦЕС.

CES претставува 45 милиони членови на 89 национални синдикати во 39 европски земји и 10 европски синдикални федерации.

Leave a Reply