Младоженец од индиската држава Бихар, под закана со оружје, го присилиле да се ожени.
Инжинерот Винод Кумар (29) наводно на патот кон работа го киднапирал братот на невестата заканувајќи се со пиштол.
Откако не се појавил дома, неговото загрижено семејство ја повикало полицијата, но подоцна некој повикал од сокриен број и ги известил за неговата венчавка.
Кумар својата невеста ја запознал на венчавката на заедничкиот пријател, а нејзиното семејство вендша побарало тој да ја ожени.
На снимката од венчавката може да се види како момчето неутешно плаче за време на обредот. Во еден момент, роднината му ги брише солзите од очите, додека тој бара да го остават на мира. Тој за време на обредот, одбил да стави традиционална црвена боја на својата невеста.
http://kumanovskimuabeti.mk/indija-nevestite-od-ministerot-dobija-drveni-paki-za-da-gi-tepaat-pijanite-sopruzi/

