Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово за 2016 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 02/16 и 04/16) Општина Kуманово објавуви конкурс за избор на сувенир на градот.
За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.
Kритериумите за учество се следни:
-
Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово;
-
Сувенирот мора да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот;
-
Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс итн.
-
Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот и техничките услови за изработка треба да бидат текстуално образложени
-
Краен рок за доставување на трудовите е 30 Мај (вторник) 2017 до 15:00h;
-
Наградата за “Сувенир на oпштина Куманово” е една и изнесува 30.000,00 денари без ДДВ;
-
Добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово;
-
Изработениот сувенир треба да се достави во затворен плик (кутија) на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб, со назнака “Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово” со назнака во горниот лев агол- “НЕ ОТВАРАЈ”. Во посебен плик приложен со трудот со назнака “АВТОР”, се доставува пријава со податоците за авторот. Пријавата треба да ги содржи следните елементи: податоци за авторот-име и презиме и адреса, текстуално образложение на идејната концепција и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари без ДДВ и потпис со кој потврдува дека трудот е негово авторско дело;
-
За избор на “Сувенир на општина Куманово”, општина Куманово формираше Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 30 дена од завршувањето на постапката.
-
Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи од конкурсот, односно се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат предмет на разгледување.
-
Комисијата го задржува правото да не ја додели наградата на ниту еден труд, доколку заклучи дека трудовите не ги задоволуваат критериумите.
-
Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Куманово ќе се повтори.

