По трет пат Општина Куманово ќе распише конкурс за избор на сувенир на градот, а врз основа на програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите.
Сувенирот треба да биде карактеристичен за кумановскиот крај, со елементи на претпазливост, традиција, како културно-историски, природни и духовни обележја на Куманово.
– Треба да е прилагоден за производство во поголеми количини и да е наменет за туристичка промоција. Сувенирот може да биде изработен од сите еколошки прифатливи материјали, како што се стакло, дрво, гипс, глина, платно, керамика и слично, при што треба исто така текстуално да бидат образложени, начинот на изработка, идејната концепција на самиот сувенир, изјави Билјана Николовска, од Општина Куманово.
За најдобриот сувенир ќе бидат издвоени 30.000 денари парична награда која ќе ја добие авторот кој треба да изработи и одреден број на усвенири во рамките на тој износ, а кои ќе ги користи општината за промоција.
– Сувенирите треба да се достават до општината, во комисија која ќе одлучува врз основа на утврдените критериуми и согласно постапката за работа на комисија за избор на сувенир Може да се пријави со повеќе различни сувенири, секој сувенир ќе биде доставен поединечно, во посебна кутија или плик ќе треба да се достави сувенирот а во посебен плик треба да стојат информации за авторот, име презиме, меил, телефон, појаснува Николовска.
Крајниот рок за аплицирање е 10-ти декември.
Претходно како сувенири на градот беа избрани „пафта“ и „пиле копче“.