Расчистена кражба во Куманово, крадецот приведен

Сподели со своите пријатели

Триест и едногодишен жител на Куманово бил приведен под сомнение дека украл повеќе предмети од приватен имот.

Loading...

– На 19.08.2023 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршил кражба од приватен имот во Куманово, при што одзел повеќе предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој го признал извршеното кривично дело и бил задржан  во полициска станица. Украденото било вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со албанско знаме на грбот, ја откорна таблата на српскиот конзулат во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски