Рамзан Кадиров ги призна чеченските загуби

Сподели со своите пријатели

Рамзан Кадиров, прорускиот лидер на Чеченија, ги призна жртвите што ги претрпеа неговите сили во инвазијата на Украина.

Loading...

„За жал, веќе има загуби меѓу нашите сили“, објави тој на Твитер.

„Двајца загинаа… уште шест се повредени“, додаде тој.

Руската влада не објави детална статистика за загинати и ранети војници во Украина и покрај бројните извештаи на меѓународните медиуми за руски жртви.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е целосно запознаен со ситуацијата во Украина, но Песков рече дека нема конкретни информации за жртвите.