Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека нема алтернатива за интеграција во Европската унија, нагласувајќи дека иницијативата „Отворен Балкан“, договорена во јули меѓу Белград, Тирана и Скопје, не е замена за европскиот пат, но дека може побрзо да стигнат до ЕУ.
„Нема и не може да има алтернатива за европската интеграција“, рече Рама за италијанската новинска агенција Анса.
Тој додаде дека „Отворениот Балкан“ е нов начин за побрзо постигнување европска интеграција, преку спроведување на принципите за слобода на ЕУ: слобода на движење на луѓе, разни услуги, стоки и капитал.
„Тоа е проект на траен мир и соработка. Поединечно, сите ние сме мал пазар, но заедно можеме да бидеме атрактивен единствен пазар “, рече Рама, пренесува Танјуг.
Што се однесува до преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ, Рама додава дека „не е ниту оптимист ниту песимист“.
„Јас сум само реален, што значи дека знам, сите знаеме дека зависи од нив, не од нас – мислам на Европската унија – заслуживме официјално да започнеме преговори за пристапување, но тие не го направија својот дел поради нивните проблеми, и затоа што „Бугарија ја блокира Северна Македонија“, рече Рама.
Тој рече дека „доволно е бизарно што Албанија треба да чека Бугарија прво да го укине своето вето за Северна Македонија“.
Рама ги спореди Албанија и Северна Македонија со протагонистите на познатото дело на Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо“.
„Нашите две земји станаа како двете што го чекаат Годо, додека ЕУ е многу слична со самиот Самуел Бекет“, рече тој.
Тој нагласи дека, сепак, оваа борба секако помага „да се разбере дека треба да притискаме и да напредуваме колку што можеме, без да лудуваме, но никогаш нема да се откажеме од исполнување на сонот на многу генерации, а тоа е да бидеме составен дел на Европа “.