Ракометарките на Куманово вечерва на домашен терен го пречекуваат составот на Пелистер од Битола во дерби натпреварот на 5. коло од Првата женска ракометна лига.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 19:30 часот и несомнено ќе биде вистински спектакл за љубителите на ракометот, со оглед дека двата најголеми ривали за прво место оваа сезона ќе ги одмерат силите.
И Пелистер и Куманово пред почетокот на сезоната се засилуваа со цел освојување титула во домашниот шампионат па несомнено вечерва засилените состави ќе ги испробаат меѓусебно.
Куманово со седум бодови моментално е на второто место во табелата, а Пелистер со еден помалку се наоѓа две позиции подолу.