Ракометарките на Куманово утре против Ѓорче Петров

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре ќе ги одмерат силите со лидерот на табелата, составот на Ѓорче Петров, во рамките на 18. коло од женската супер лига на Македонија.

Кумановки имаа одличен старт и со победа го започнаа вториот дел од средбата, но Ѓорче Петров ќе биде голем предизвик, а предност ќе им носи и домашниот терен.

Куманово има пет победи и еден нерешен резултат од досегашните одиграни натпревари, додека Ѓорче Петров има дури 12 победи.

Мечот се игра утре со почеток од 12 часот во спортската сала „Христо Батанџиев“ во Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гимназијата „Гоце Делчев“ го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (ВИДЕО)

Никола Ивановски