Ракометарките на Куманово остварија удлива победа против составот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе во рамките на 21 коло од Женската ракометна лига на Македонија.
Кумановки имаа имрсивно прво полувреме во кое ја билдаа својата резултатска предност над домаќинот и веќе по истекот на првиот дел од мечот со резултат 20:6 беше јасно дека натпреварот го имат добиено.
Второто полувреме го изиграа рутински и без преголем напор, константно ја одржуваа резултатската предност над ракометарките на Овче Поле и мечот го завршија со конечен резултат 34:21.
Во составот на Куманово со осум реализирани погодоци најефкасна беше капитенот Викторија Пеовска, а по шест голови впишаа Тамара Ивановска, Габриела Костадиновска и Мила Трајковиќ. Кај домашниот состав со 10 поени најдобра беше Марија Анчева, а со четири Драгана Стојанова.
Ова е 13 победа за составот на ЖРК Куманово, а моментално само еден бод ги дели од второто место во табелата каде се наоѓа составот на Металург.
Следниот меч кумановки го играат во петок повторно на гостински терен, овој пат против составот на ЖРК Пелистер од Битола.