Дека дерби натпреварите им одат од рака на ракометарките на Куманово сезонава, доказ е и мечот од вчера, кога го совладаа и составот на Металург со резултат 18:30.
Иако Металург влезе како фаворит во средбата која се одигра во Автокоманда, избраничките на тренерот Зоран Јосимовски им го зададоа првиот пораз сезонава, по .. одиграни кола.
Кумановки и во првото полувреме прикажаа желба за победа во овој натпревар, и имаа водство пред најголемиот ривал за титулата во оваа сезона. По одиграните 30 минути на паркетот заминаа на пауза со резултатот 9:13.
Изненадувачки добрата одбрана и извонредниот напад на ЖРК Куманово само ја зголемуваше предноста секој момент во вториот дел од средбата, за да на крај конечно тирумфираат среде Скопје со 18:30, испраќајки порака до Металург дека за титулата ќе се борат до крај.
Со осум голови најефикасна кај ЖРК Куманово беше репрезентативката Александра Боризовска, а со еден погодок помалку и Јована Кипријановска.
Со шест погодоци најдобра кај Металург беше Јана Калајџиева.
По овој дерби натпревар Куманово е на втората позиција, додека со два бода повеќе на врвот и натаму се наоѓа Металург.
Следниот натпревар кумановки го играат на домашен терен со ЖРК Деспина.
https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/314872175980225/
Loading...