Со резултат 41:26 ракометарките на Куманово вчеравечер на домашен терен убедливо го совладаа составот на ЦЕМС од Скопје во рамките на 12. коло од женската ракометна лига на Македонија.
Уште од самиот старт кумановки ја оправдаа фаворитската улога кога направија солидно водство со кое го завршија и првото полувреме, односно резултат 22:15.
Јасно беше дека ЦЕМС ги загуби шансите за пресврт во резултатот во вториот дел од средбата, откако домашниот тим продолжи да ја „билда“ разликата надополнето со одличната одбрана на голманката Марија Јовановска.
Со оваа победа ракометарките на тренерот Зоран Јосимовски ја зацврстија втората позиција иако имаат одиграно еден меч помалку од останатите екипи поради настапот во ЕХФ Челинџ Купот.