Ракометарите на Македонија ја пречекуваат Јапонија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Машката ракометна репрезентација на Македонија на 1ви ноември од 16 часот, во Спортската сала во Куманово ќе ја пречека репрезентацијата на Јапонија.

Иако се уште нема никакво официјално соопштение за настанот од фередерацијата, денеска беа пуштени билетите во продажба на интернет преку сајтот karti.com.mk.

Цената е симболична од само 100 денари и билетите ќе се набавуваат онлајн.

Инаку, мечот со Јапонија е почеток на подготовките за настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка во јануари 2026.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ќе воведеме бесплатна паркинг зона во МЗ Панче Пешев и БС Гојчо за резидентите