Ракометарите на Куманово утре го играат натпреварот од 6. коло од Првата машка ракометна лига, каде на гостински терен за противник го имаат составот на Текстилец.
Ова ќе биде шанса кумановци да направат исчекор од последната позиција во табелата и да ги освојат првите бодови, со оглед дека и Текстилец е само едно место пред нив и не прикажа брилирачка игра од почетокот на сезонава.
Натпреварот започнува утре во 12 часот.