Ракометарите на Куманово во рамките на 18. коло од Првата машка ракометна лига, на домашен терен го пречекуваат составот на Струга.
Мечот кој започнува во 17:30 часот во Спортската сала во Куманово може да донесе голем пресврт во однос на позицијата во табелата која ја имаат кумановци. Доколку Риниа М и Партизан загубат, ракометарите на Куманово ќе имаат можност од 9. позиција да скокнат на седмата.
Досега имаат одиграно 17 натпревари, а реализирано шест победи, 7 порази, 3 нерешени натпревари и еден прекинат со Спартак за кој допрва треба да одлучува Ракометната федерација.